Глобал Комуникации ДООЕЛ ги обезбедува следните услуги:
- Помош на владините институции и организации, меѓународните финансиски инситутции, НВО и локалните институции
Тимот на Глобал Комуникации ДООЕЛ е искусен во подготвување извештаи од специфични области и политики. Тој е веќе докажан како компетентен за организирање и советување во врска со изготвувањето на политики за одредени области, подготовка на материјали во кои се опишуваат состојбите и се даваат препораки за подобрување на дадената област и за централната и за локалната власт, особено во областа на бизнис окружувањето и неговите специфични аспекти, локалниот економски развој, јавниот финансиски менаџмент, јавно-приватното партнерство и слично. - Различни деловни и други анализи: финансиски анализи, помош при дизајнирање и имплементација на контролни процеси, помош при изработка на проектни предлози и други специфични консултатнти задачи
- Советодавна улога при спроведување одредени трансакции: идентификација и анализа на целите, длабински истражувања, проценки и слично
